На Ален Исламовиќ не му дозволија да се качи на авион за Канада ВИДЕО

Пејачот од БиХ не бил во можност да полета со другите членови, поради проблемот со визата.

3723

Ален Исламовиќ (62) во петокот го пропуштил концертот на „Бјело дугме“, во Ванкувер, но и во Торонто. Станува збор за два распродадени концерти на бендот, за кои се барало карта повеќе.

Пејачот од БиХ не бил во можност да полета со другите членови, поради проблемот со визата, а рано утрово пејачот се огласил преку Фејсбук за да објасни на обожавателите што навистина се случува и да им се извини на сите.

Пејачот разочаран се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук, каде што ги извести своите обожаватели дека нема да биде дел од настапите на легендарниот бенд, кој одбележува 45-годишни од своето постоење.

„Порака до сите во Канада поради моето недоаѓање на концертите на „Бјело дугме“ во Ванкувер и Торонто. Денес светот е скроен од лаги каде што секоја надеж нема смисла, каде што едни се сметаат за важни, а други за неважни, каде што некои можат да имаат сè, а други ништо. Каде што дури и правата за живот се сметаат за ништожни. Ова е реалноста во која спаѓаме и ние уметниците и каде ни подметнуваат лавиринти, пречки и заседи. Уште еднаш изразувам длабоко жалење до сите кои со срце ќе дојдат на концертите“, порачал Исламовиќ преку својот Фејсбук-профил.

Многу обожаватели на бендот кои живеат во Канада не го криеле разочарувањето поради недоаѓањето на Исламовиќ.

 

 

FOTO: Printskrin/Fejsbuk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...