Пред еден час на патот Скопје – Тетово се преврте автобус. Сведоци јавуваат за десетина повредени, но и загинати лица.
Автобусот бил полн со патници. Според непотврдени информации несреќата се случила откако возачот добил инфаркт, по што изгубил контрола над автобусот. Според други непотврдени информации автобусот се превртел откако му пукнала гума.
Од МВР велат дека наскоро ќе објават и официјална информација за несреќата.