На австралиската претставничка пред Евровизија ќе ѝ ја ампутирале ногата ФОТО

Пред само една недела закрепнувала од инфекција која ја добила и тоа носејќи високи потпетици.

1280

За настапот на австралиската претставничка на Евровизија, Кејт Милер-Хајдке (37) сите зборуваат и денеска. На многумина Елза им наликува на Елза од познатиот долгометражен филм „Замрзнатото кралство“, додека други зборуваат за нејзиното лебдење на сцената, а таа неодамна имала страшен пех во животот поради кој многумина не би се појавиле на овој музички натпревар.

Имено, Кејт која се претстави со песната „Zero Gravity“ која ја напишала со сопругот, а која зборува за постпородилната депресија, пред само една недела закрепнувала од инфекција која ја добила и тоа носејќи високи потпетици.

„Дојдов од Европа со многу сериозна инфекција која можеше да заврши со ампутација на ногата. Па дури и со смрт. И сето тоа поради плускавец. Секој што носел високи потпетици, знае дека можат да „убијат’, но не мислев буквално“, напишала во описот на фотографијата додека лежела во болница и продолжила:

– Последните неколку месеци имав еден куп активности. Секој ден се случуваше нешто ново. „Трчав“ кон мај, а всушност, бев сосема неподготвена… Не мислев на тоа дека моите планови за малку ќе беа уништени поради несреќни околности. Првите неколку денови во болницата ми беа во магла, но сè во знакот на инјекциите, лековите против болки, солзи… – изјавила Кејт.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...