Најчесто жената е убиена во својот дом, од рацете на најблиските

83

Просечно, 137 жени во светот се убиени од партнерот или свој близок, секој ден, покажува ново истражување во кое се вели дека „најчесто жената е убиена во нејзиниот дом“, објави Би-би-си.

Повеќе од половина од 87.000 жени убиени во 2017 умирале од рацете на најблиските. Скоро 30.000 од нив биле убиени од интимниот партнер, а 20.000 од роднина.

Мажите за четири пати повеќе од жените умираат во убиства. Но, повеќе од 8 од 10 жртви на убиства извршени од интимниот партнер, се жени.

Најмногу на ризик се жените од Африка.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...