Најубавата љубовна приказна на Балканот: Дејана е родена без раце, Суљо има само една рака, а нивната љубов започна на автобуска станица ФОТО

Заедно се од минатиот јуни, а запознавањето, како и многу нешта во нивниот заеднички живот, било несекојдневно.

6501

Дејана Бачко е родена без рака, а стана „девојката со крилјата“, поради нејзиниот непокорлив дух и упорност. Така ја нарекуваат сите кои ја познаваат силата на нејзиниот дух и упорност со која постигна да биде академски образована сликарка и со злато овенчана спортистка.

Кога минатиот февруари го освоила златниот медал на Светското паратаеквондо првенство Дејана (24) додала уште еден бисер на спортскиот ѓердан на Србија, ги израдувала тренерот и клубот, а на едно момче срцето сакало да му скокне од градите. Суљо Керановиќ (23) бил толку возбуден и горд на својата магична девојка, пишува „Блиц.рс“.

Заедно се од минатиот јуни, а запознавањето, како и многу нешта во нивниот заеднички живот, било несекојдневно.

– Додека чекав автобус со пријателката, видов едно момче кое гледаше во мене и забележав дека е личност со инвалидитет. Му пријдов, му пружив насмевка наместо рака. Дознав дека е од Сараево, дека е студент на мастер студии на Факултетот за политички науки во Сараево, дека посетува едногодишна академија „Шулер Хелфен Лебен“ и дека волонтира во четири организации. Се воодушевив кога рече дека тренира футсал, стони тенис, куглање и велосипедилизам, па веднаш го прашав дали би сакал да тренира таеквандо. Ми рече дека е во студентска размена и дека тоа е негов последен ден во Нови Сад. Разменивме телефонски броеви, отидовме секој на својата страна, а јас, признавам, бев малку тажна – раскажала Дејана. По четири месеци започнале да се допишуваат. Тој ѝ се јавил со порака на Инстаграм, се допишувале, дошол во Нови Сад и почнале да ја градат својата приказна. Нивните фотографии на Инстаграм кој ги спои освојуваат, бидејќи зрачат со радост и младешка енергија.

„Не ни се потребни раце за да се прегрнуваме. Ние се прегрнуваме со срцето“, пишуваат тие во описот на неодолива заедничка фотографија.
– Нашата љубов ни е инспирација за фотографиите кои ги објавуваме на социјалните мрежи. Се обидуваме да ги разбиеме предрасудите за лицата со инвалидитет. Не е срамота да имаш инвалидитет и можеме да бидеме среќни, без разлика на тоа што сме „поразлични“. Имаме и наша цел, а тоа е да ги мотивираме луѓето околу нас и да им укажеме на тоа дека во животот најважна е среќата – изјавил Керановиќ.
– Ние се држиме за раце на наш начин – велат среќните партнери.

– Многу се смееме и имаме слична смисла за хумор. На тој начин се шегуваме дека нему му е многу полесно да слика, бидејќи судбината му дала една рака, со која умее толку убаво да ме прегрне – вели Дејан.

Денес, тие заедно тренираат таеквондо, а Дејана го учи својот сакан и да слика.

Golupčići s Petrovaradina

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...