Хрватската водителка, убавата Татјана Јуриќ објави фотографија од себе на Инстаграм пред стара куќа во Далмација и откри дека таа ја купила со семејството, а нејзината објава е крајно трогателна. Имено, додека покојната мајка на Татјана, Драгица, боледувала од Алцхајмерова болест, нејзиното семејство мислело дека престојот во Далмација ќе ѝ помогне да се одмори, па затоа тие ја уредиле родната куќа на таткото на Татјана пред неколку години. За жал, мајката никогаш не ја видела куќата, но семејството сега ја купило и куќата во близина за да ја реновира и која ќе ги потсетува на важните моменти во нивните животи.
„Кога ме прашуваат како беше изминатата година, јас секогаш одговарам на истата работа: „Спектакуларно, купив гробно место во Загреб и, со брат ми и семејството, урнатина во Далмација.“ Гробно место како гробно место – ќе ти затреба кога-тогаш. И оваа рушевина, која ја нарекуваме „куќата на Мама Драгица“ на која ѝ станав сопственик ова лето, во име на моето семејство, наскоро ќе стане (за нас) најубавата камена куќа во Далмација. Се наоаѓа веднаш покрај родната куќа на татко ми, која пред една година, мислејќи дека е добро за мајка ми да избега и од себе и од другите и од Алцхајмерот, ја уредивме. Мајка ми никогаш не дојде и не виде што успеавме да направиме од трошната куќа на дедо ми, но затоа оваа рушевина (која наскоро ќе престане тоа да биде), трајно ќе нѐ потсетува на тоа дека во животот се бројат само оние моменти во кои животот ни изгледа токму како урнатина и потоа оние што следуваат по нив, а кои сето тоа го претвораат во – чиста убавина“, напишала водителката.
FOTO: Instagram/ @senjamafn @story.hr