Најтопло во Гевгелија, пороен дожд и грмежи во североисточниот регион

278

Највисока температура во Македонија денеска е измерена во Гевгелија, 35 степени, по што следат Демир Капија со 33 и Струмица и Виница со 32, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Попладне беше нестабилно во регионот на Крива Паланка, Кратово, Македонска Каменица и Пробиштип, како и валандовско и западно од Гевгелија и во планинскиот дел, каде имаше пороен дожд и грмежи. Формирана е линија на нестабилност која се протегаше од Крива Паланка, Македонска Каменица, западно од Делчево и југозападно од Берово, и во оваа облачна маса имаше и поинтензивни облачни јадра кои даваа пообилен пороен дожд и грмежи. Облачната маса се движеше кон централните делови од земјава.

До крајот на денот и во вечерните часови ќе се задржи сончево време со умерена облачност, а на повеќе места во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има и пообилен краткотраен пороен дожд во планинските предели. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Во текот на ноќта ќе настапи стабилизирање на времето и ќе преовладува умерено облачно време со слаб до умерен северен ветер.

УХМР за утре најавува променливо облачно  време со сончеви периоди, околу пладне и попладне  со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието. УВ индексот ќе изнесува седм, минималните температури од 14 до 22, а дневната највисока температура ќе се движи  во интервалот од  27 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно  со сончеви периоди, попладне  со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Температурите од 20 до 33 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат околу или малку под просечните за овој период од годината. Извесно стабилизирање на времето се очекува за време на престојниот викенд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...