Најстудено во Берово, 13 сантиметри снег во Маврово

УХМР информира и дека времето во текот на денот ќе биде сончево мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

168

Најстудено утрово е во Берово, -8 степени, а максимални два степена се измерени во Дојран.

Според УХМР, -7 е во Крива Паланка, -4 во Тетово и Маврови Анови, -3 во Прилеп и Претор, -2 во Скопје- Зајчев Рид, Лазарополе, Битола, Штип, Дебар и Куманово, -1 во Скопје–Петровец и Охрид и нула степени во Демир Капија, Гевгелија и Струмица.

Висината на снежната покривка е 13 сантиметри во Маврови Анови, девет во Крушево, седум на Попова Шапка, три во Пожаране и два во Ѓуриште.

УХМР информира и дека времето во текот на денот ќе биде сончево мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Претпладне на повеќе места ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Максималната температура ќе биде од 3 до 13 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде магливо, а попладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне шест степени. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...