Најстариот американски ветеран од Втората светскта војна, Лоуренс Брукс, неделава ја одбележа 110-та година од својот живот, јави синоќа Гласот на Америка. Прославата се одржа во Националниот музеј на Втората светска војна во Њу Орлеанс.
Брукс за американските медиуми изјави дека тајната на неговата долговечност е љубовта кон цело човештво.
Лоуренс Брукс е роден на 12 септември 1909 година и служел во составот на 91. инженерски батаљон, чии редови се полнеле главно со војници од афроамериканско потекло, а бил лоциран на Нова Гвинеја, а потоа и на Филипните.
Неговите задолженија биле перење на постелнина и на униформи и чистење и полирање на обувки на белите офицери. За време на војната Брукс добил чин помлад водник.