Доктор Мехмет Оз, најпознатиот лекар на светот и на некои омилено телевизиско лице, на Инстаграм ја споделил веста дека неговата мајка Суна боледува од Алцхајмерова болест.
– Сите знаци беа тука, но не ги препознав – рекол лекарот кој повеќе од 10 години верно го следат милиони гледачи ширум светот.
За болеста на неговата мајка, вели, дознал неодамна, а најболно му било сознанието дека знаците, иако биле присутни, тој не ги забележал.
„Кога стана потврдоглава, вината ја препишав на нејзините години. Мојата сестра забележа дека после 60 години почнала да се шминка поинаку, но тоа го задржала за себе. Кога мајка ми почна да дава некои од своите работи по луѓе кои едвај ги познаваше, помислив дека само се обидува да си олесни себеси после смртта на мојот татко“, напишал лекарот и истакнал дека тие мали промени го означувале почетокот на болеста.
„Беше болно да се признае дека здравјето на мојата мајка се влошува, но тоа нѝ овозможи што побрзо да ѝ пружиме помош. Имате моќ да проговорите и да кажете нешто ако се сомневате на некои од горенаведените симптоми кај саканата личност. Тоа може да биде непријатно, но би можело да го забави напредувањето на Алцхајмеровата болест“, предупредил Оз.
FOTO: Instagram/Printskrin