Најпознатата плус-сајз манекенка на светот, која неодамна стана мајка, не престанува да ги руши табуата. Ешли Греам објави фотографија на која ги покажа стриите што ѝ се појавиле уште во текот на бременоста, а кои станале поизразени откако се породила.
Ешли одлучи јавно да прозбори за реалната состојба низ која поминуваат жените кои неодамна се породиле.
Освен грижата за бебето, таа се осврна и на закрепнувањето, како и сите непријатности кои доаѓаат со тоа, вклучувајќи го и враќањето на матката во првобитната форма, но и исцедоците поради нејзиното обновување.
Овојпат, плус-сајз манекенката одлучи да ги покаже стриите на стомакот кои ѝ се создале во текот на бременоста. Ешли сака да биде пример за сите нови мајки, покажувајќи дека женското тело е чудо, кое успева да износи нов живот цели девет месеци, а потоа низ бројни перипетии да се врати во првобитната состојба.
FOTO: Инстаграм/Принтскрин