Најновиот метод за лекување трауми прикажан на Филозофскиот факултет 

186
20150915 Tuesday 1124 studenti prv akademski cas universitet fakultet fakulteti kiril i metodij praven ekonomiski filozofski studentski plenum studentski zivot

На Филозофскиот факултет при УКИМ денеска беше презентиран новитет во лекувањето на траума и пострауматски стрес ЕМДР-терапија (Eye Movement Desensitization and Reprocessing), во организација на Амбасадата на Италија во соработка со Филозофскиот факултет, Македонската комора на психолози и Здружението ЕМДР.

Италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео истакна дека ЕМДР методот е наменет за лекување на симптоми траума и пострауматски стрес и токму затоа Амбасадата одлучила да ја поддржи оваа иницијатива, што во земјава е нова и досега неприменета.

– Овој метод е широко применуван врз лечење на посттрауматски стрес кај војниците и многу армии ширум светот редовно го користат овој метод. Во Италија организацијата на ЕМДР даде голем придонес во бесплатна поддршка кога во земјата ќе се случат сериозни настани – рече Ромео.

Додаде дека Асоцијацијата на ЕМДР во Италија е активна речиси 20 години, спроведувајќи 700 хуманитарни интервенции, со што им помогнала на над 20.000 луѓе да се справат со акутна и хронична трауматска состојба.

– Во 2002 година 27 ученици и наставници загинаа во земјотресот во Пуља. Психотерапевтите од ЕМДР работеа со преживеаните ученици и со цела заедница која беше засегната од трагичниот настан. Тие интервенираа и во други несреќи во земјата, и постигнаа добри резултати – истакна италијанскиот амбасадор Ромео.

Елизабета Мотино психотерапевт од Италија специјализирана за ЕМДР, рече дека трауматските доживувања не мора секогаш да бидат индивидуални, тие често се и колективни.

– Вашата земја има историја на болка и страдање. Има прежиеано воен судир и луѓето имаат доживеано сериозна траума. Кога ќе се случи војна или земјотрес луѓето на таа земја се чувствуваат обележани. Третирањето на траума значи способност на луѓето да го процесираат тоа што им се случило и да продолжат да живеат како порано – рече Мотино.

Taa потсети дека луѓето во Италија имаат доживеано многу трауми, земјотреси, како и уривањето на мостот во Џенова и оти Здружението на психотерапевти на ЕМДР работело бесплатно во надминување на овие трауми кај луѓето, со цел тие да бидат свесни и да го процесират тоа што им се случило, што е и целта на овој метод.

Подвлече дека методот во Италија се применува од 2001 година и ги надминува ефектите на традиционалнта психотерапија, која за жал не секогаш дава резултат кога во прашање е траумавтско доживување.

Претседателката на ЕМДР Европа и на Здружението Италија, Изабел Фернандез, посочи дека децата кои уште во раното детство се изложени на некој вид стрес – физичко насилство, психолошка злоупотреба, доколку некој член од семејството е алкохоличар или зависник од психотропни сусптанци, физичка или емоционална запоставеност…, голема е веројатноста подоцна во животот да развијат траума или пострауматски стрес.

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски истакна дека примената на оваа метода како новитет ќе биде од големо значење за земјава, особено во овие бурни периоди при што траумата е секојдневие на илјадници раселени лица.

– Траумата е често резултат на голема количина на стрес, што ја надминува способноста на луѓето да се справат или да ги интегрира емоциите вклучени во тоа искуство. Поради тоа, помошта од компетентни лица во надминување на овие состојби кај човекот е од суштинско значење за неговото психолошко функционирање во секојдневниот живот – рече Јануколовски, додавајќи дека конференцијата ќе ги отвори видиците за начините за разрешување на овие психолошки проблеми на луѓето, особено на оние со доживеани трауми од различна природа.

Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет истакна дека земјава во 2015 година ја зафати мигрантска криза со милиони луѓе на границата, која не само што остави пострауматски стрес кај самите бегалци, туку и кај професионалците кои се справуваа со таа криза, полицајци, војници, лекари, психолози…

– Голем дел од вработените од МВР и од одбрана тогаш имаа потреба од стручна помош, после сите тие нешта што ги доживеаја. Нашата цел како Факултет е да се подготвиме сите бидејќи не знаеме дали и во иднина повторно ќе ни се случи такво нешто, и да најдеме начин како поефикасно да се справуваме со сите тие стресови – рече Дуев.

Мирјана Јовановска Стојановска, претседател на Комората на психолози на Македонија, рече дека оваа метода ќе биде значаен дел од професионалниот развој на психолозите во земјава.

ЕМДР (Eye Movement Desensitization and Reprocessing) e интегративен пристап во лекување на симтоми на траума и посттрауматски стрес. Методот широко се применува во 31 европска земја и се состои во тоа што го олеснува третманот на различни психолошки патологии и проблеми поврзани со трауматски настани или посттрауматски стрес, како и со секојдневни искуства кои се емотивно стресни.

Методот се состои во тоа што при негова примена не е вклучен разговор ниту пак медикаменти, туку брзи и ритмички движења на очите што потсетуваат на РЕМ фазата при спиење. Можат да го применуваат само високо обучени психотерапевти и психолози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...