Најмногу дожд истури во Скопје и Куманово

192
20150617 Wednesday 1344 poroen dozd skopje letno nevreme leten dozd vremenska prognoza

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово – 36 литри на метар квадратен и во Скопје -Петровец 34 литри на метар квадратен. Најмалку дожд наврнал во Берово, два литра на метар квадратен.

По четири литри на метар квадратен наврнале во Штип, Струмица, Виница, Гевгелија, пет во Прилеп, шест во Ѓуриште, Тополчани, Демир Капија, Крива Паланка, седум во Претор, Дојран, девет во Охрид, десет во Битола, Крушево, 12 во Пожаране, 13 во Тетово и Лазарополе, 15 во Дебар, 22 во Маврово и 27 литри на метар квадратен во Скопје-Зајчев Рид.

Времето денеска, како што информираат од УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Нови врнежи се очекуваат во попладневните часови кога ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а се уште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни. Максимална температура ќе биде од 19 до 28 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Утре и во среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...