Најмногу дожд во Скопје

196

Најмногу дожд во изминатите девет часа наврнал во Скопје, каде што до 16 часот се измерени 11 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Десет литри на метар квадратен се измерени во Ѓуриште.

УХМР информира дека до крајот на денов на повеќе места во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Нестабилното време ќе продолжи и во текот на ноќта, кога не е исклучено повторно на места да има појава на невреме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...