Најмногу дожд во Дојран, облачно и денеска

Во Скопје променливо облачно со слаб северен ветер. До крајот на денот облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне 14 степени.

160

Најмногу дожд во текот на ноќта од 30 литри на метар квадратен наврнал во Дојран, соопшти УХМР.

Следат Гевгелија со 29 л/м2, 28 во Крушево, 26 Демир Капија, 23 Маврово, 14 Штип, 13 Битола, Ѓуриште, 11 Струмица, 10 Пожаране, 9 Тополчани, 8 во Скопје Зајчев Рид, Берово и Куманово, 7 во Виница и Лазарополе, 6 Прилеп, 5 Тетово, еден л/м2 во Крива Паланка.

Времето претпладнево ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со магла или ниска облачност, а на крајниот југ се уште со слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб северен ветер. До крајот на денот облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне 14 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...