Најмногу врнеше во Демир Капија, најмалку дожд во Битола

176

Во изминатите девет часа најмногу дожд, 29 литри на метар квадратен, наврнале во Демир Капија, а најмалку, еден литар, во Битола.

Како што информира УХМР, до 16 часот наврнале 25 литри на единица површина во Крива Паланка, 22 во Гевгелија, 21 во Штип, 14 во Ѓуриште, 11 во Струмица, девет во Берово, осум во Виница, шест во Скопје-Петровец, пет во Прилеп, четири во Скопје-Зајчев Рид, три во Охрид и Пожаране, како и два литра на метар квадратен во Маврово и Лазарополе.

Попладнево, според УХМР, пообилни врнежи има во источните и југоисточните делови, а на места, локално, дождот е пороен со ретка појава на грмежи и засилен ветер.

Во Скопје е облачно со повремени врнежи дожд и умерен ветер од северозападен правец.

Утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде од два до девет, а максималната од осум до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, со слаб до умерен северен ветер и температура од шест до 11 степени. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...