Осумгодишниот Амардип Сада од Индија е најмладиот сериски убиец во светот, чии злосторства биле толку шокантни, како од хорор филм.
Вестите за Сада се прошириле во 2007 година, а убиствата ги направил година дена пред да биде фатен од страна на полицијата.
Неговите жртви биле бебиња од локалните села, а меѓу нив и осуммесечната сестра на убиецот.
Според Ранкер, иако не е јасно зошто Сада ги вршел злосторствата, се претпоставува дека му биле лесни мети, бидејќи биле мали и не можеле да се бранат.
Сада е роден 1998 година во Индија, во 2006 го убил шестмесечниот роднина, а набрзо и неговата сестра. Потоа ја убил шестмесечната ќерка на соседите. Никој не го пријавил, а тешко било да се разбере зошто неговото семејство криело оти тој е виновен за убиствата.
Додека го испитувала полицијата, се чинело оти Сада не ги сфаќа обвиненијата сериозно. Кога го прашале зошто убил три бебиња, тој побарал бисквита.
Се чинело оти семејството не му објаснило дека тоа што го направил е лошо. Кога локалци се обидувале да го распрашаат, тој со насмевка зборувал за тоа што се случило. Дури им помогнал да го најдат едно од телата.
Сада детално ги опишувал своите злосторства.
– Спиеше во училиште. Ја однесов малку подалеку, ја убив со камен, па ја закопав – им кажал за убиството на последната жртва.
Во САД, на дете кое извршило страшни убиства, може да му се суди како на возрасна личност. Индија има други правила.
Најстрога казна која Сада можел да ја добие, била три години во поправен дом. Ништо од судењето не е јавно објавено, а некои се сомневаат дека осумгодишникот добил три години во психијатриска установа.
Сада ги контактирал медиумите во 2015 година и ги известил дека се наоѓа во дом за млади додека да наполни 18 години. На својот роденден во 2016 година требало да излезе на слобода.
Наводно, подоцна тој го променил името во Самарџит.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб