Најмалку 49 жртви зеде циклонот „Фани“

74
ФОТО: EPA / PIYAL ADHIKARY

Циклонот Фани што ја погоди Јужна Азија усмрти најмалку 49 луѓе, изјавија официјални лица.

Според последните податоци, најмалку 34 лица загинаа во Индија, а 15 во Бангладеш.

Поради циклонот евакуирани се над еден милион луѓе од околу 15.000 села во Индија.

За разлика од циклонот во 1999 година, кога загинаа повеќе од 10.000 луѓе во индиската држава Одиша, сега при евакуацијата властите и населението покажаа поголема подготвеност.

Циклонот, кој ја погоди Одиша во петокот, донесе ветрови до 205 километри на час.

– Овој циклон е еден од ретките летни урагани, кои ја погодија Одиша во последните 43 години, а третиот во последните 150 години – изјави официјален претставник на Одиша, Навин Патнаик.

ФОТО: EPA / PIYAL ADHIKARY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...