Најмалку 41 лице загина во падот на авионот во Русија, објави АФП. Истражувачкиот одбор изјавил дека во авионот имало 78 лица вклучувајќи ги и членовите на посадата.
Вкупно 37 лица преживеале – навеле од Одборот.
Денеска при обид да слета, дошло до пожар во авионот, кој подоцна целосно изгоре.
Аеродромот во текот на евакуацијата бил целосно затворен за сообраќај.
Видео из салона самолета Москва-Мурманск, сгоревшего при посадке в Шереметьево.
Люди в панике, огонь охватывает почти все за бортом. pic.twitter.com/CAjKgT8cZQ
— Breaking Mash (@BreakingMash) May 5, 2019