Масакр во Нов Зеланд, загинаа повеќе од 40 луѓе во напад на две џамии (ВИДЕО)

Ова е еден од најтемните денови во историјата на Нов Зеланд. Она што се случи овде е досега невиден чин на насилство, истакна премиерката Ардерн.

441
ФОТО: EPA / Martin Hunter

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека најмалку 40 луѓе загинале во престрелка во две џамии, што се случи во градот Крајстчрч.

– Ова е еден од најтемните денови во историјата на Нов Зеланд. Она што се случи овде е досега невиден чин на насилство – истакна премиерката Ардерн.

Таа додаде дека повеќе од 20 лица се ранети, од кои повеќето со сериозни повреди.

По престрелката чeтири мажи и една жена се уапсени.

Претходно локалните медиуми јавија за 27 загинати и најмалку 30 ранети.

Полицијата потврди дека има „значителен“ број жртви, но не го прецизира нивниот број. Во соопштение наведува и дека откриле неколки импровизирани експлозивни направи оставени под автомобили.

Маж, кој презел одговорност за нападот, оставил антиимигрантски проглас на 74 страници, во кој објаснува кој е и какви се причините за нападот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...