Повеќе од 300 лица се повредени, од кои пет потешко, кога се урна дрвено шеталиште на брегот на шпанскиот град Виго за време на концерт, изјавија официјални лица.
Платформата на морскиот брег се урна непосредно пред полноќ додека луѓето го гледаа настапот на еден рап-музичар за време на дводневниот фестивал во Галиција, пренесува Би-би-си.
Како што е соопштено од страна на локалните медиуми, пејачот ги поканил присутните да скокаат, а кога тие го послушале – платформата се урнала.
Околу 300 лица се повредени, од кои пет потешко, а за среќа, нема загинати, кога се урна дрвено шеталиште на брегот на шпанскиот град Виго за време на концерт, изјавија официјални лица.
Preocupado por las noticias que llegan acerca del desplome de una parte de la pasarela de madera del Puerto de Vigo. Confiamos en que no se confirme ningún herido grave. Nos acercamos. #Marisquino18 pic.twitter.com/WLCF3aP3aM
— Diego Gago Bugarín (@DiegoGagoB) August 12, 2018
Платформата на морскиот брег се урнала непосредно пред полноќ додека луѓето го гледале настапот на еден рап-музичар за време на дводневниот фестивал во Галиција, пренесува Би-би-си.
Како што е соопштено од страна на локалните медиуми, пејачот ги поканил присутните да скокаат, а кога тие го послушале – платформата се урнала.
Извештаите велат дека некои посетители на фестивалот паднале во морето кога пропаднала дрвената структура долга 30 и широка 10 метри, при што настанала паника.
Екипи на итната помош веднаш пристигнале, а биле испратени и нуркачи во морето за да проверат да не има некој заробен под структурата.