Најмалку 28 загинати откако брод со мигранти потона кај Бахамите

56

Најмалку 28 лица загинаа откако брод со мигранти од Хаити потона крај брегот на Бахамите, објави „Мајами Хералд“ повикувајќи се на информации од армијата на Бахами.

Според извештајот, од водата живи се извлечени вкупно 17 лица.

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, изјавил за весникот портпаролот на одбранбените сили на Бахамите, Џонатан Роул.

Министерот за надворешни работи на Хаити, Бочит Едмонд, ја нарече трагедијата „навистина многу тажна“.

– Тие се наши браќа и сестри кои бараат подобар живот, а потоа се соочуваат со ужасна смрт. Тоа е навистина тажно – рече Едмонд.

Одбранбените сили на Бахами соопштија дека трагедијата била откриена откако жителите пријавиле дека пронашле четири тела во водите во близина на влезот во пристаништето Марш во Абако.

– Ниту еден пат не вреди за да се ризикува животот – ве молиме предупредете ги семејствата и заедниците: Нелегалните операции со мигранти и шверц се опасни и често завршуваат со трагедија – објави американската Амбасада во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...