Најмалку 22 загинати во судар на автобус и камион во Боливија

74

Најмалку 22 лица загинаа, а 12 се повредени во судар на автобус и камион во Боливија, соопштија властите.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила на автопатот што ги поврзува градовите Потоси и Оруро. Автобусот се движел од градот Виљазон на границата со Аргентина, кон градот Оруро.

Во соопштението се наведува дека во моментот на несреќата, подрачјето каде што се случила било зафатено со густа магла.

На истиот автопат во судар на два автобуса во јануари годинава загинаа, исто така, 22 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...