Најмалку 21 загинат во судири кај Триполи

53

Најмалку 21 лице загина, а 27 се повредени во судирите во близина на Триполи, соопшти синоќа меѓународно признатата Влада на Либија.

Обединетите Нации претходно ги повикаа двете завојувани страни на двочасовен прекин на огнот за да се евакуираат жртвите и цивилите, но и покрај тоа судирите продолжија.

Силите под команда на Владата во Триполи, која ја признаваат ОН, објавија дека почнуваат операција „Вулкан на гневот“ за одбрана на главниот град. Други детали не се соопштени.

Лидерот на меѓународно непризнаената администрација и Либиската национална армија (ЛНА), Калифа Хафтар соопшти дека во судирите биле убиени 14 војници на ЛНА.

Според очевидци, силите на ЛНА извршиле воздушни напади врз јужниот дел на Триполи и оствариле напредок кон центарот на градот.

Хафтар во четвртокот објави дека почнува офанзива врз Триполи, што доведе до обновување на судирите во Либија.

Западните земји почнаа да го евакуираат својот персонал од Либија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...