Најмалку 20 лица загинаа, десет се водат како исчезнати во поплавите што го погодија јужниот дел на Авганистан, соопшти денеска Канцеларијата на Обединети Нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА).
Обилните дождови и поплави ги погодија градот Кандахар и шест дистрикти.
Надојдената вода во провинцијата Херат уништи стотина куќи.
ФОТО: EPA / MUHAMMAD SADIQ