Најмалку 13 загинати во експлозија во џамија во Пакистан

65

Најмалку 13 лица загинаа, a 20 се повредени во експлозија во џамија во градот Кета, на југозапад од Пакистан, а меѓу настраданите е и висок полициски функционер, соопшти тамошната полиција.

Во соопштението, пренесено од британските медиуми, се наведува дека рачно направената експлозивна направа била поставена во внатрешноста на џамијата и дека експлодирала во текот на вечерната молитва.

Ова е втора експлозија во текот на оваа недела во овој град, што се наоѓа во провинцијата Балохистан, а која се граничи со Авганистан и Иран.

Портпаролот на локалната болница изјави дека многу од повредените се наоѓаат во критична состојба, додека портпаролот на пакистанската војска кажа дека во околината на градот се наоѓаат припадници на паравоена единица.

Провинцијата Балохистан, богата со природен гас и минерали, е центарот на кинеско-пакистанскиот економски коридор вреден 60 милиони долари, а е дел од кинескиот проект „Појас и пат“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...