Најмалку 100 луѓе загинати во воздушен напад врз затвор во Јемен

227

Најмалку 100 луѓе загинаа во воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз јеменски затвор, соопшти денеска Меѓународниот комитет на црвениот крст.

Шефот на делегацијата на МКЦК во Јемен, Франк Роченштајн, изјави дека спасувачите продолжуваат да ги вадат телата на жртвите од урнатините на затворот во Дарам.

Бунтовниците соопштија дека повеќе од 50 се повредени и дека има загинати и провладини борци. Коалицијата соопшти дека нивната цел била складиште за дронови и ракети.

Граѓанската војна во Јемен трае од 2015 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...