Во бомбашки напади на три цркви во Индонезија, убиени се најмалку десет луѓе, а повредени се поголем број луѓе, соопшти полицијата.
Четириесет и едно лице, меѓу кои и двајца полицајци се наоѓаат во болница поради повредите со кои се здобиле при нападот во Сурабаја, град во источниот дел на островот Јава.
Цел на експлозиите биле католичката црква Санта Марија, индонезиската христијанска црква и Централната црква Пенткост.Во експлозијата во црквата Санта Марија загинале четворица луѓе, а по двајца загинале во другите две цркви. Двајца луѓе подоцна починале во болница.
Полицијата ги затвори трите локации, додека работат на идентификување на жртвите.Не се идентификувани напаѓачите.