При експлозијата во хемиска фабрика во источниот дел на Кина загинаа шест лица, додека 30 се тешко повредени.
Локалните власти во Јангченг, во провинцијата Џангсу, соопштија дека се уште не е позната причината за експлозијата во фабриката „Тјанџаји хемикал продакшен“.
Пожарот го гаснат 400 пожарникари со 86 возила.