Најмалку тројца прободени во трката со бикови која започна во Памплона, Шпанија, пренесуваат тамошните медиуми.
Вкупно шестмина биле повредени, од кои од останатите тројца имало и со полесни, но и со посериозни повреди.
Од болницата било соопштено дека двајца од прободените се Американци, пренесува „Си-Ен-Ен“. Едниот имал 23 години и бил од Кентаки, а другиот е 46-годишник од Сан Франциско. Третата жртва е 40-годишен маж од Шпанија.
Повредите се чести за време на ваквите трки. Во 2018 година, девет лица се здобиле со повреди за првите два дена.
ФОТО: EPA / Jesus Diges