Најмалку седум мртви од смртоносни дињи во Австралија

- Се верува дека причина за ширење на заразата е комбинација на условите во животната средина и времето на загадување на површината на плодот со бактерија која опстојува и по процесот на миење - наведува СЗО.

739

Дињи, заразени со бактерија листерија се извезени од Австралија во најмалку девет земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Во Австралија неодамна починаа седум лица и беше регистиран еден спонтан абортус, како последица на јадење диња од видот канталупа.

Дињи се извезени во Хонг Конг, Јапонија, Малезија, Оман, Катар, Сингапур, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, а можат да стасаат и до Сејшелите, се наведува во соопштението на СЗО.

Во Австралија во јануари беа потврдени 19 случаи на заболени од листерија, бактерија која има долг период на инкубација – од една недела до 90 дена.

На почетокот на март, австралиските власти открија дека дињи се извезени, поради што испратиле детални информации на купувачите по пат на мрежата „Безбедност на храната“.

– Се верува дека причина за ширење на заразата е комбинација на условите во животната средина и времето на загадување на површината на плодот со бактерија која опстојува и по процесот на миење – наведува СЗО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...