Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија на автомобил – бомба во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопшти полицијата.
Како што се наведува во соопштението, при експлозијата на автомобилот, кој бил паркиран во близина на трговски центар, недалеку од седиштето на локалните власти, повредени се најмалку девет лица.
Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата, иако, како што пренесуваат светските агенции, такви напади најчесто спроведува исламската екстремистичка група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.
ФОТО: МИА