Најмалку две жртви во терористички напад во Ирак

32

Најмалку две лица загинаа, а 24 се повредени при вчерашната експлозија на автомобил-бомба во Мосул, северен Ирак.

Полицијата соопшти дека автомобил полн со експлозив бил паркиран во близина на Универзитетот на Мосул.

Мосул минатата година беше ослободен од Исламска држава. Градот три години беше под контрола на џихадистичката група, а откако припадниците на ИД беа протерани, градот често е мета на терористички напади.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...