Најлошата педофилка во Британија излегува од затвор: Одборот мисли дека „повеќе не претставува ризик“ ВИДЕО

Ванесе го снимала злоставувањето на децата, а потоа фотографиите и снимките им ги праќала на своите соработници, кои исто така биле педофили.

284

Ванеса Џорџ (49) од Плимонт, која медиумите ја окаркатеризираа како „најлошиот женски педофил“ во Британија, ќе биде пуштена од затвор откако го убедила одборот за условен отпуст дека веќе не претставува „значаен ризик“ за децата.

Ванеса во 2009 година е осудена на минимум седум години затвор, откако направила 64 фотографии од себе како злоставува бебиња и деца во приватна болница каде што работела како медицинска сестра.

Таа ги злоставувала децата за кои требало да се грижи. Кога во мај 2017 година отслужила сум години, била одбиена за условна казна.

Додека била во затвор, нејзиниот сопруг Ендру (51) се развел од неа, а ќерките јавно се откажале од неа. Членовите на семејството не знаеле за нејзините гнасни тајни, а како што пишува „Дејли мејл“, Ендру веќе стравувал дека Ванеса ќе го изманипулира одборот да ја пушти, а дека и понатаму ќе биде опасна за децата.
– Јас сум скршен човек, ќе ги носам лузните од нејзиното злосторство до крајот на животот. Таа е манипулаторка, како леопард кој никогаш не ги менува своите шари. Требаше да остане зад решетки – рекол тој.

Ванеса дејствувала со уште двајца соработници – Ангела Ален која силувала тригодишно девојче и која веќе отслужила пет години затвор, како и со Колин Блачард, кој за условен отпуст може да се пријави следната година. Тие тројца се запознале на Фејсбук и со текот на времето создале ужасно портфолио од фотографии со деца од градинки кои Ванеса им ги доставувала.

Користеле мобилни телефони за да снимаат и разменуваат фотографии од она што полицијата го нарекувала „злоставување деца во својата најлоша, демонска форма“.

Се верува дека Ванеса дошла во контакт со речиси 200 деца додека работела во болницата. Наместо децата да ги пресоблекува на местата предвидени за тоа, таа пелените им ги менувала зад параваните, со што криела што им прави.
Злосторството било откриено кога ИТ деловниот партнер на Бланчард нашол фотографии од злоставувани деца на компјутерот во фирмата.

&nbsp

Foto: Police

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...