Најкрвавата сцена во историјата на филмот во „Тоа 2“ (ВИДЕО)

322
ФОТО: Инстаграм

Продолжението на хорор-хитот „Тоа“, чија премиера е планирана на есен, ќе ја содржи досега најкрвавата сцена во историјата на хорор-филмовите, откри ѕвездата Џесика Честејн.

– Не би требало да го откривам ова, но… Има сцена во филмот за којашто некој на сетот рече дека има најмногу крв отколку во која било хорор-сцена во историјата – изјави Честејн.

Таа ја има една од главните улоги во вториот дел. Во другите улоги ќе ги гледаме Џејмс Мекавој, Џеј Рајан, Зејвиер Долан, а Бил Скарсгард ќе ја повтори улогата на кловнот-убиец.

Режисерот Енди Мускиети изјави дек „Тоа 2“ ќе биде многу пострашен од првиот од пред две години.

– Тоа беше приказна за детството, детската љубов, но и за смртта на едно детство. Секако, тоа е симболично, оти кога Пенивајз (кловнот-убиец) раскажува како тој јаде светови, говори за уништување на светот на мечтата и магијата – објасни режисерот.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...