Најздравиот народ на светот: Никогаш не заболуваат од рак, а жените раѓаат на 65 години ВИДЕО

Припадниците на народот Хунза се качуваат по планина како да одат во продавница, а се симнуваат среќни и весели.

1193

Стариот народ Хунзи е сместен на самата граница од Пакистан и Индија, а познат е по тоа што нивниот животен век трае од 110 до 120 години. Затоа нивната татковина се нарекува „оаза на младоста“. Речиси никогаш не се болни, а благодарение на гените секогаш изгледаат младолико.

Тие се вистнски пример дека речиси идеалниот начин на живот навистина постои. Се капат во ледена вода дури и на температура од 15 степени под нулата, а жените и на 65-годишна возраст раѓаат деца.

Во текот на летото јадат сирово овошје и зеленчук, а во текот на зимата консумираат суви кајсии, изртени житарки и овчо сирење. Постои период кога Хунзите ништо не јадат, а тој период е познат како „гладна пролет“. Името го добил по тоа што овошјето тогаш е сè уште незрело и тогаш тие пијат само сок од суви кајсии. Периодот трае од 2 до 4 месеци, и го сметаат за круцијален за своето здравје и начин на животот.

Протеините ги внесуваат во најмали количини, а дневно внесуваат во просек 1.933 калории, од кои 50 грама протеини, 36 грама масти и 365 грама јаглехидрати.

Тие заклучиле дека главниот фактор за долговечен живот е здравата исхрана.

Шкотскиот доктор Мак Харисон по враќањето во Англија направил експеримент на голем број животни. Една група се хранела со нормална храна од лондонските семејства во која имало леб, преработен шеќер, конзервирана храна и готвен зеленчук. Како резултат на таквата исхрана кај животните се појавиле различни болести. Втората група се хранела со храната од Хунзите и останала совршено здрава.

Книгата „Хунза – луѓето кои не знаат за болест“ од авторот Р. Бирчер, ја истакнува главната карактеристика на нивната исхрана, тврдејќи дека таа е клучна за нивната исхрана:

„Тоа е вегетаријански начин на исхрана, голема количина сирови намирници, доминантни се овошјето и зеленчукот, природните производи без хемикалии, намирници кои се подготвуваат така што ќе ги сочуваат своите биолошки вредни материи, алкохол и слатки не се консумираат, се почитува редовниот период на „гладување““.

На меѓународниот конгрес за канцерогени заболувања во Париз, летото 1977 година, стручњаците објавиле дека целосното отсуство на ракот се јавува само кај народот Хунзo. За нив да се препешачи 20-тина километри дневно исто како за нас да прошетаме околу куќата.

Припадниците на народот Хунзи се качуваат по планина како да одат во продавница, а се симнуваат среќни и весели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...