Најзгодниот затвореник на светот, славниот Џереми Мекс, ретко зборува за својот живот во медиумите, а овојпат се отвори за тешкото детство и за животот зад решетки, при гостувањето на подкастот на Челзи Грејсон под називот „Што е твојата вода“.
35-годишниот Џереми открил дека пораснал во многу тешки услови, поради што подоцна тој завршил во затвор.
– Јас сум дете на зависници од хероин. Моето детство беше многу мрачно и грдо, и во такви околности мора брзо да пораснеш. Татко ми ја уби најдобрата пријателка на мајка ми кога имав само девет месеци. Ние побегавме од него, а таа беше единствената која знаеше каде ние се криеме – се присетил Џереми.
Поради односот со неговите родители и тешките ситуации со кои се соочил како дете, Џереми станал член на банда веќе на 15-годишна возраст и живеел на улица. Така, на него било пукано пет пати, животот што го живеел му донел цели 20 години зад решетки.
– Во текот на 18. месеци поминати во затвор, прв сосед ми беше Чарлс Менсон, а ниту еднаш кога излегов, не се ослободив од тој затворски менталитет. Беше тешко, но ме спаси разумен судија кој ја намали мојата казна – рекол тој, додавајќи дека денес е сосема поинаков човек.Откако во 2014 година неговата затворска фотографија се прошири на интернет, а неговиот изглед го привлече вниманието на јавноста, не требаше долго на Џереми да изгради завидна кариера во модел.
Исто така, толку згоден, ѝ „падна во очи“ на околу седум години помладата Клои Грин (29), ќерката на милијардерот Филип Грин (67), со кого беше две години во врска и доби син. Сепак, нивната љубов „пукна“ пред два месеци, а американските таблоиди објавија дека Клои е „уловена“ во прегратката на друг маж.
Пред неа, тој беше оженет со Мелиса Мекс, со која има и две деца. Иако Мелиса и Џереми го финализираа разводот во 2018 година, Џереми и Клои се запознале една година претходно. Наводно биле и свршени, но тоа никогаш не беше официјално потврдено.
FOTO: Instagram/Printskrin