Најзагадено вечерва е во Битола и Скопје, покажуваат мерните станици.
Штетните PM10 честички во Битола достигнаа ниво од 390 микрограми на кубен метар, што е околу 5 пати над дозволеното.
Во Скопје најзагаден воздух вечерва дишат жителите во населбата 11 Октомври, Миладиновци, Аеродром. Кај Ректоратот загаденоста со ПМ10 честички е 354 микрограми на кубен метар.
Со овие алармантно опасни вредности, Скопје повторно се најде во 10те најзагадени градови во светот- вечерва се искачи на седмото место. Пред нас е Приштина, која е на четвртото место според загаденоста, а Софија е на деветтото место.