Најдобриот текстописец на Балканот, Марина Туцаковиќ, открива како го победува ракот

Таа замина и на гробот на Исус во Ерусалим за да се помоли за своето здравје.Откако се вратила оттаму, следувало вистинско чудо, пренесуваат српските медиуми.

1388

Најдобриот текстописец на Балканот, Марина Туцаковиќ се соочи со тежок  период  пред неколку години кога животот ѝ го зададе најголемиот шок – почина нејзиниот најмал син. По оваа трагедија, судбината повторно беше немилосрдна кога лекарите пред две години открија дека Марина боледува од рак.

Лекарите тогаш не беа многу сигурни дека на Туцаковиќ ѝ остануваат уште многу денови живот, но очајната Марина спасот го бараше на секој можен начин и не се откажа во ниту еден момент.

Па, покрај многуте работи кои ги направи и лекувањето во Германија, таа замина и на гробот на Исус во Ерусалим за да се помоли за своето здравје.

Откако се вратила оттаму, следувало вистинско чудо, пренесуваат српските медиуми.

Имено, тие пишуваат дека молитвите за спас и здравје на Туцаковиќ се исполниле и оттогаш таа се чувствува сѐ подобро и подобро. За сѐ да биде уште помистериозно, таа секоја ноќ ја сонува и мајка Богородица и во сон таа ѝ вели дека е божјо дете, дека е посебна и сигурно ќе се излечи.

По оваа самодоверба во верата, Марина редовно оди на литургии и редовно пости, а ветила и дека уште еднаш ќе замине за Израел штом целосно оздрави.

За потсетување, Марина Туцаковиќ ги има направено најголемите хитови на српската естрада и е долгогодишна соработничка со најголемата балканска ѕвезда, Цеца Ражњатовиќ.

Се верува и дека Марина Туцаковиќ за песната Пукни Зоро има земено 100.000 евра кој е и најголемиот хит некогаш направен на српската естрада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...