Најдена пита со месо во кутија од Втората светска војна

412
ФОТО: МИА

Пита со месо во лимена кутија од Втората светска војна е пронајдена под дрвен под во хотел во градот Даглас на британскиот остров Ман, и беше изложена во локалниот музеј.

Божиќниот оброк му го испратила една жена на својот син морнар Фил Дејвис. Металната кутија е пронајдена во 1998 година при реновирање на хотелот, но останале досега заборавени во подрумот на музејот Менкс.

Оброкот и по 80 години изгледа прилично зачувано, благодарение на сувиот воздух под хотелскиот под.

– Ова се посебни делчиња од топли човечки приказни. Божиќ е вистинско време повторно да заблескаат, изјави кустосот на Менкс, Метју Ричардсон.

Хотелите на крајбрежјето на Ман во Втората светска војна служеле како објекти за сместување на британските војници.

(ФОТО: МИА)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...