Девојката што на први април беше пријавена за исчезната, вчера била најдена од полициски службеници.
Скопјанката на возраст од 24 години беше пријавена за исчезната во полициската станица Бит Пазар од нејзиниот татко.
По потрага од неколку дена, полицијата информира дека е најдена и е вратена кај семејството.