Најдебелото дете на светот ослабна 106 килограми, а имаше 190 кг ФОТО

Арја беше најмладата личност на светот подложена на операција на вградување желудочен бајпас.

644

Арја Пермана (13) од Индонезија имал неверојатни 190 килограми на само 10-годишна возраст, поради што беше прогласен за најдебелото дете на светот. Оттогаш до денес се преполовиl. Драстично ослабнаl – изгубил 106 килорами и повторно може нормално да се движи, да оди во училиште, да се капе…

Момчето беше најмладата личност на светот подложена на операција на вградување желудочен бајпас. По зафатот, Арја морало да го промени начинот на исхрана и да почне да се храни здраво. Заборавил на огромните количини тестенини, газираните пијалаци, прженото пилешко…

Му претстои наскоро операција на отстранување на вишокот кожа која великодушно му ја понудил еден хирург од болницата Хасан Садикин во Бандунг.

Арја почнал екстремно да се дебелее на петгодишна возраст. Родителите се обидувале да го мотивираат да јаде помалку и поздраво, но залудно. Признаваат дека тие се виновни, бидејќи го разгалиле, не биле доволно цврсти.

– Кога и да посакаше нешто за јадење, слатка храна или да пие слатки пијалаци, ние му дававме. Кога сакаше инстант тестенини, ги приготвувавме за него – рекол неговиот татко и додал дека Арја јадел по пет големи оброци на ден.

Сега менито му се состои од многу зеленчук и овошје, супи, риба на жар…Откако ослабнал му се вратила и силата во телото. До училиште пешачи еден километар без проблеми, си игра многу со врсниците, плива, игра фудбал, бадминтон.Вели дека е многу среќен и многу посигурен во себе. Се надева дека еден ден ќе стане фубалер, пренесува „Дејли мејл“.

 

ФОТО: Jefta Images / Barcroft Images

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...