Најголемото шише со виски на светот, високо 1,5 метар, е продадени на аукција за 15.000 фунти, или околу 18.000 евра.
Шишето соддржи количество виски од 150 вообичаени шишиња.
Со шишето од 105 литри, наполнето со 14 години стар виски „Томинатул“, високо 1,5 метар и тешко повеќе од 180 килограми, може да се сервираат околу 5.250 чашки со виски.
Продадено е на онлајн божиќна аукција што се одржа вчера.
Шишето било наполнето со овој бренд на виски во 2009 година, а на врвот била ставена затка од 20 сантиметри.
Шишето првпат го напуштило селото Хејленд во 2012 година з ада биде претставено на Шкотската изложба на виски во Единбург и тогаш беше проценето на околу 5.000 фунти (6.000 евра) , пренесе Би-Би-Си.