Најголемата тајна на Меланија: Поради ова 12 години не сака да стапне во родната Словенија

Меланија Трамп е прва дама на Америка, но медиумите почесто се повеќе заинтересирани за нејзиниот живот во поранешната југословенска држава.

8757
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Далечната 1992 година Меланија Кнавс ги спакувала куферите, ја напуштила Словенија и заминала во најголемите модни центри во светот за да стане успешна манекенка.

Изгледа дека Меланија одлучила да повлече црта и повеќе никогаш да не се врати во својот роден крај, но никој не знаел зошто.

Денес, Меланија Трамп е прва дама на Америка, но медиумите почесто се повеќе заинтересирани за нејзиниот живот во поранешната југословенска држава.

Повеќе од 20 години ги поминала во Словенија, во Севница, мал град со 5.000 жители. Иако таму пораснала, Меланија не дава интервјуа за словенечките медиуми.

Американските медиуми ги повикале луѓето кои некогаш биле во контакт со Меланија за да проверат зошто таа никогаш не се вратила во својата родна земја и зошто не сака да зборува за поранешниот живот.

Бојан Пожар тврдел дека првата дама крие нешто што може да биде лошо по нејзината кариера и дека тоа е една од причините зошто таа не сака да ја посети Словенија.

„Постојано се фали дека зборува многу јазици. Словенечки никогаш не прозборела во јавноста па дури ни кога ќе се сретне со своите земјаци – тврди Пожар.

Бојан Пожар се позанималав со животот на Меланија и разговарал со мажите кои тврделе дека имале некаква врска со неа, но ниту еден од нив не открил ништо посебно, па авторот се запрашал – дали некој од нив ја зборувал вистината? Сопругата на Трамп демантирала дека имала некаква врска со мажите со кои медиумите ја доведувале во врска.

Од друга страна, Санди Горисек кој исто така се занимавал со животот на Меланија Трамп тврди дека нејзиното заминување од Словенија не е изненадување, бидејќи таа сакала да побегне од сивата пост-социјалистичка земја.

Аналитичарите тврдат дека ќе дојде време кога Меланија сигурно ќе напише книга за својот живот, но сите се сомневаат дека тоа ќе биде вистинита приказна, туку разубавена за јавноста.

Се шпекулира дека нејзиното семејство направило нешто за кое таа не сака да знае јавноста. Сепак, ова е само една од теориите.

Нејзината земја е многу горда на неа, а иако одамна не ја посетила, тие се надеваат дека во неа ќе проработи носталгијата и дека таа ќе им се врати.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...