Снимајќи документарни филмови за тунелите во Лас Вегас, екипата на холандскиот РТЛ налетала на неочекувана соговорничка, некогашна порно-ѕвезда Џени Ли.
Сега е бездомничка, живее без вода за пиење, но таа тврди дека е среќна и дека во тунелот има сè што ѝ е потребно.
Нејзиното вистинско име е Стефани Садора, има 37 години, а на листата на најдобри порно-актерки се наоѓа на 119. место.
Луѓето од телевизиската екипа не ја препознале, самата таа се претставила и открила детали од животот во тунелот.
„Всушност, бев многу популарна. Можеби и премногу. Би требало сè уште да бидам на некоја листа во топ 100. Некогаш бев многу сексапилна“ – изјавила Стфани, но не објаснила како станала бездомничка и завршила во тунел.
– Колку и да изгледа грозно тука, сите се полни со почит кон мене. Се имаме едни со други, а тоа не може да се сретне „горе“. Среќна сум и сè што ми треба го имам тука – изјавила таа и додала дека животот под земја ѝ овозможил да најде многу искрени пријатели.
Повеќе од 320 километри на одводните тунели под улиците на Лас Вегас се дом за многу бездомници веќе со години, а изградиле и вистинска мала заедница која вклучува заеднички соби и дневни задачи.