Најверојатно сите 34 патници загинале во пожарот на туристичкиот брод кај Калифорнија

274

Американската крајбрежна стража информира дека до овој момент се пронајдени телата на 25 загинати лица од туристичкиот брод „Консепшн“, што синоќа се запали во близина на островот Санта Круз, на 145 километри северозападно од Лос Анџелес, јавија американските медиуми. Претпоставката е дека се загинати сите 34 патници, а нуркачите трагаат уште по телата на девет патници.

Дваесет тела веќе се извадени од водата, а уште пет се локализирани на мала длабочина на морското дно, но нивното вадење засега е оневозможено од небезбедните услови под трупот на бродот, што е нестабилен заради пожарот.

Бродот е превртен во плитките води на морето и силните струи го водат наваму натаму, прецизира портпаролот на Крајбрежната стража.

– Треба да се подготвиме за најлошата разврска од нашата потрага – изјави тој на синоќешната итна прес конференција во Санта Барбара.

На планираното тридневно патување на бродот биле сместени 34 љубители на нуркањето и риболовот, како и петчлен екипаж. По ненадејно избувнатиот пожар бродот потонал на 18 метри од брегот на островот. Петмината членови на екипажот кои се наоѓале на горната палуба, скокнале во морето и се спасиле со мали повреди.

Туристите не успеале да се спасат бидејќи пожарот избувнал во 3 часот по полноќ по локално време, кога сите спиле по кабините.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...