Најбараниот шпански наркобос уапсен во Варна, Бугарија

Лицето Ј.С.А. е уапсен во Варна, со сменет личен опис додека се подготвувал да одлета за Венецуела.

429
Шпанската цивилна гарда соопшти дека во Бугарија уапсен е еден од најбараните шпански дилери на дрога.

Лицето Ј.С.А. е уапсен во Варна, со сменет личен опис додека се подготвувал да одлета за Венецуела.

Тој имал клучна улога во криминалната организација која Европа ја снабдува со кокаин од Јужна Америка и е вмешана во перење на пари.

По Ј.С.А. е распишана потерница уште од 2013 година, а откриен е откако специјални агенти дознале дека се крие во Варна и дека го сменил личниот опис здебелувајќи се повеќе од 50 килограми.

При апсењето, кај него се пронајдени лажни документи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...