Најава за звучни имиња од боречкиот спорт на 42. Интернационален турнир во борење „Македонски бисер“

Оваа година „Македонски бисер” ќе биде најмасовен и со најголем број странски држави и звучни имиња од боречкиот спорт.

114

Агенцијата за млади и спорт го најави одржувањето на 42. „Македонски бисер“, најголемиот Македонски интернационален турнир во борење.

Директорот Дарко Каевски денеска на прес-конференција потенцира дека традицијата продолжува благодарение на вредните спортски работници од Боречката федерација, а Агенцијата за млади и спорт, како што рече, е секогаш тука да даде поддршка за развој на борењето.

– Борењето е најтрофејниот спорт во Македонија и, иако изминативе години изостанаа големи резултати, интересот кај младите е зголемен. Очигледно со ангажман на раководните луѓе на Федерацијата, борењето се враќа на македонската сцена на голема врата, истакна Каевски.

За деталите околу организацијата и учесниците зборуваа раководните луѓе на Федерацијата кои потенцираа дека оваа година „Македонски бисер” ќе биде најмасовен и со најголем број странски држави и звучни имиња од боречкиот спорт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...