Нашле заеднички јазик: Ирина Шајк и Бредли Купер постигнале договор за старателството врз ќерката

На почетокот од оваа година брзо се согласиле и ги завршиле преговорите, односно се договориле дека заедно ќе се грижат за детето во Њујорк.

517

Ирина Шајк (34) и Бредли Купер (45) конечно постигнале договор околу заедничкото старателство над двегодишната ќерка Леа Де Сена.

На почетокот од оваа година брзо се согласиле и ги завршиле преговорите, односно се договориле дека заедно ќе се грижат за детето во Њујорк.

Кај кого ќе биде девојчето зависи од договорите и распоредот, со оглед на природата на нивните професии.

Благосостојбата на ќерката им е на прво место. Изминативе денови Леа го поминува времето со мајка си, па често може да се видат на прошетка по улиците на Њујорк.

Парот минатото лето ја раскина четиригодишната врска од која ја имаат ќерката. Имаше многубројни шпекулации, а најмногу од нив се однесуваа на наводното неверство на холивудскиот заводник со Леди Гага (33).

Приказната за прељубата започнала по заедничкиот настап на актерот и пејачката на доделувањето Oскари во февруари, на кој биле и повеќе од блиски. Но, потоа и двајцата открија дека тоа го правеле само што подобро да го испромовираат филмот „Ѕвездата е родена“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...