Нацоски: Зборови се излишни… Се уште сум во шок

Ви благодарам на сите за пораките. Jас сум добро, дома сум, шокиран. Денеска требаше да поминам на тој мост, напиша Нацоски.

1615

Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски кој живее и работи во италијанскиот град Џенова, по уривањето на надвозникот во градот во кој живее на својот прогфил на Фејсбук напиша дека е шокиран, но дека е добро.

„Зборовите се излишни …Сѐ уште сум во шок. Само мисла за
жртвите и нивните семејства“, напиша на Фејсбук, Нацоски.

Делот од автопатот А10 во пристанишниот град Џенова се урна денеска. Досега има 30 жртви, а се претпроставува дека има уште.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...